АНДРЕЈ МЕДИЌ ЛАЗАРЕВСКИ
Андреј Медиќ Лазаревски (2001, Скопје) е поет, уредник, копирајтер и организатор на културни настани и фестивали. Тој е дипломиран професор по философија на Филозофскиот факултет и моментално студент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје.
Тој е автор на стихозбирките Беседење со неа (2021, Дата Песнопој) и Молитвени дискурси (2022, 2023 - второ, променето и дополнето издание, ПНВ Публикации) и на еден е-буклет Црно под ноктите (2024, Култура Бета). Тој е основач на Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“, организатор на книжевните настани Поетска епизода и Клинци, фестивалски координатор на Филозофски филмски фестивал, член на извршниот одбор на Филозофското друштво на Македонија, член е на управниот одбор на Скопскиот поетски фестивал и дел е од тимот на Кликер Маркетинг.
Има учествувано на повеќе поетски читања и интернационални фестивали (Стих у регији, Струшки вечери на поезијата, Поетска ноќ во Велестово, Скопски поетски фестивал, АртАреа...). Негови песни се објавени во домашната периодика и се преведи на српски јазик за книжевните списанија Блудни стих и Рукописи, на хрватски јазик за Поезија, списанието на Хрватското друштво на писатели и на англиски јазик за Selection from A New Birth of the Word (an Anthology of Macedonian Young Poetry) во издание на Струшките вечери на поезијата. Негови песни се застапени во антологиите „Македонска љубовна лирика“ (прир. Весна Мојсова-Чешишевска и Иван Антоновски, Матица македонска, 2024), „Ново раѓање на зборот: антологија на млада македонска поезија“ (прир. Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски, ПНВ Публикации, 2023) и „Музика, сега и уште“ (прир. Владимир Мартиновски, Струшки вечери на поезијата, 2022).
Andrej medikj lazarevski
Andrej Medikj Lazarevski (2001, Skopje) is a poet, editor, copywriter and organizer of cultural events and festivals. He graduated from the Institute of Philosophy at the Faculty of Philosophy and is currently studying at the Department of General and Comparative Literature at the Faculty of Philology “Blaze Koneski” at UKIM in Skopje.
He is the author of the poetry collections Conversations with Her (2021, Data Pesnopoj) and Prayer Discourses (2022, 2023 – 2nd revised and expanded edition, PNV Publishing) and of one e-booklet Black Under the Nails (2024, Kultura Beta). He is the founder of the Association for the Affirmation of Youth Culture Culture Beta, the organizer of the literary events Poetic Episode and Klinci, the festival coordinator of the Philosophical Film Festival, a member of the executive board of the Philosophical Society of Macedonia, a board member of the Skopje Poetry Festival, and part of the team of Kliker Marketing.
He has participated in various poetry readings and festivals (Stih u regiji, Struga Poetry Evenings, Poetry Night in Velestovo, Skopje Poetry Festival, ArtArea…). His poems have been published in domestic periodicals and translated into Serbian for the literary magazines Bludni Stih and Rukopisi, into Croatian for the magazine Poetry of the Croatian Writers’ Association, and into English for Selection from A New Birth of the Word (an Anthology of Macedonian Young Poetry), published by Struga Poetry Evenings. His poems are included in the anthologies Macedonian Love Lyrics (ed. Vesna Mojsova-Chepishevska and Ivan Antonovski, Matica Makedonska, 2024), New Birth of the Word: Anthology of Young Macedonian Poetry (ed. Vesna Mojsova-Chepishevska and Ivan Antonovski, PNV Publishing, 2023), and Music, Now and Yet (ed. Vladimir Martinovski, Struga Poetry Evenings, 2022).